Божиновска упати честитка до поглаварот на ИВЗ по повод Рамазанските пости

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска по повод почетокот на Рамазанските пости упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман еф. Реџепи.

– Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија да Ви упатам честитки по повод почетокот на Рамазанските пости, посакувајќи светиот месец Рамазан да го поминете во мир и благосостојба во Вашите семејства и домови, стои во честитката.

Нека овој празник, се наведува во честитката, биде поттик за зачувување на универзалните духовни и морални вредности на месецот Рамазан, и во неговиот дух заеднички да се посветиме на меѓусебното помагање и почитување како вредности кои придонесуваат за нашата заедничка светла иднина.