Божидар Димитров: Борисов и Заев одамна комуницираат со СМС пораки

Професор Божидар Димитров е бугарски историчар и директор на Националниот историски музеј на Бугарија. Тој во Македонија се смета за контроверзна личност која честопати е дел од разни провокации во односите меѓу двете земји. За него македонски јазик не постои, бидејќи тоа е само писмена форма на бугарски дијалект. Познат е и по својот став дека сите народи на Балканот имаат две држави – Албанија го има Косово, Србија ја има Република Српска, Грција го има Кипар, а Бугарија ја има Македонија.

Тој во интервју за софиската новинска агенција „Фокус“ зборува за посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Бугарија, за договорот за добрососедство, како и за реакциите потоа. За Димитров Македонија и Бугарија „не испукале ниту една пушка една кон друга“. Тој вели дека „ВМРО не била македонска организација, туку организација на Бугарите во Македонија, Тракија, Родопите…“ и исто така вели дека „во источна Македонија бугарштината најмногу се зачувала“, а „во западна Македонци нема – тие таму се Албанци“.

НетПрес во целост го пренесува интервјуто, автентично, се разбира преведено од бугарски на македонски јазик.

* Како ја оценувате посетата на македонскиот премиер Зоран Заев?

Божидар Димитров: Тоа беше една крајно неопходна посета, бидејќи срамота е две соседни држави со исто население и историја до 1944 година и кое говори еден ист јазик да немаат добри односи. Односите не беа добри и ќе ви посочам само едно сведоштво. Нашиот претседател Росен Плевнелиев, за пет години владеење, не најде ниту еден ден да скокне до соседната земја. Бојко Борисов се обиде да го скрши мразот, и сметам дека постигна еден од своите најголеми наедворешнополитички успеси во изминатава декада. Како што дознавме, одамна тој комуницира со Зоран Заев преку СМС пораки, што е омилениот начин на комуникација на Бојко Борисов. Не случајно тој исто така, даде сигнал дека е подготвен да ги подобри односите и дека многу држи до тоа. Тоа се знаковни нешта во дипломатијата. Првата посета на Заев, по Брисел, е Бугарија, не на друго некое место. Во Бугарија тој покажа дека е подготвен да се раздели со некои постулати на македонизмот и положи венец пред споменик, на кој со дебели и јасни букви пишува: „Цар Самуил – цар на Бугарија“. Оттогаш натаму, како што се вели, да не си на местото на Зоран Заев, пишуваат скопските медиуми. Тоа беше крајно неопходно, оти неприродно е да сметаш на односи со народи, со кои сме војувале со пушки и со топови –  со Србија, Романија, со Турција, а да немаме односи со земја со која една пушка не пукнала кон едната или другата страна.

* Како ги коментирате реакциите на медиумите во Македонија, кои го нарекуваат Заев предавник? Се појавија и наслови дека Зоран Заев и’ го подарил Илинден на Бугарија.

Божидар Димитров: Ако некој во Скопје ја познава историјата на Илинден, да отиде во воениот музеј на Македонија. Со големо чудење таму ќе види дека знамињата на илинденските востаници, барем од едната страна, се тробојни, а понекогаш и од двете. Ќе види и дека таму на чист бугарски јазик е извезено „Свобода или смърт“, а не „Слобода или смрт“, како што сега тие говорат. Ќе видите и дека сите документи на востаниците се на бугарски јазик. Ќе го видите единственото барање кон странска влада за помош, потпишано од Борис Сарафов, офицер на бугарското воено разузнавање и раководител на востанието во вториот округ – битолскиот, кое е упатено до бугарските власти и е на бугарски јазик. Има начин каде да се описменат македонските „новинари“, без дури…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.