Божикен концерт на младинскиот женски хор „Стив Наумов“ од Битола

Заедницата на Хрвати од Македонија во Битола, во соработка со Католичката црква „Пресвето срце Исусово“, вечерва организираат традиционален божикен концерт.

 На концертот ќе бидат изведени божикните песни од западниот и источниот обред, како и  божикни песни од другите народи, пригодни рецитали и изведби на Дарко Кулевски соло хармоника и Марија Чакулевска гитара и од Државното Музичко училиште во Битола. Божикниот концерт ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“, а меѓу другите ќе присуствува и Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македноја Киро Стојанов, соопштуваат од Заедницата на Хрвати во Македонија во Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.