Божикен ручек за 500 деца во Прилеп

Во прилепскиот хотел „Кристал Палас“ денеска по 10 пат на големиот празник Христовото раѓање, Божик, ќе се одржи традиционалниот Божикен ручек за деца од цела Македонија.

Настанот е во организација на Детската амбасада за сите деца во светот, а на него ќе присуствуваат околу 500 деца без родители, децата со посебни потреби, децата на загинатите бранители, деца на членови на невладината организација.

На заедничката трпеза со децата од Скопје, Прилеп, Охрид, Ресен, Тетово, Битола, од Струмица, се поканети и деца од другите верски заедници во земјава.

Божикниот ручек ќе го благослови владиката Петар, а прилепскиот градоначалник Марјан Ристески на децата ќе им подели подароци. Со своите песнички ќе ги забавуваат децата-учесници на меѓународниот фестивал „Ѕвездички“.

По седми пат, Детската амбасада за сите деца во светот ќе го додели и Орденот носител на мирот.  Годинава, информираат од оваа невладина организација,  признанието ќе го понесе компанијата АД „Фершпед“