Божиновска: Како никогаш партијата ВМРО-ДПМНЕ не била цврста и силна, како никогаш пообединета

Претседателката на Комисијата за верски заедници Валентина Божиновска на денешната панел дискусија на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ говореше и за омразата на говор на СДСМ.

-Лично сметам дека постојат два постулата во државата, два концепта, така било од 1991 година па наваму. Едниот концепт е нашиот ВМРО-вски, градителски, со реформи, со идеологија, со национален предзнак , со сакање на сопствениот јазик, со сакање на сопствените граници, со сакање на сопственото име, на својот грб и знаме и тука нема дилема и затоа во филозофијата таквите луѓе ги викаат иконофили, луѓе што сакаат да градат. Значи некои од нас тука може не си ги видел ни децата од тоа што работи. Претпоставувам извршната власт, министрите, пратениците, немаат време. За што тоа го прават? Се разбира за доброто на Македонија. И од 1990 година СДСМ како партија почнувајќи од Киро Глигоров, тоа се иконокласти, луѓе што се што едниве ќе направат, другите се ќе разрушат, рече Божиновскла.

Божиновска рече дека од моментот кога почна таа нивната „Шарена Револуција“ ние можеме да направиме нов речник на симболи, како и на кој начин погрдно не нарекуваа, но едно е сигурно јасно дека и најобичниот човек кој ќе го видите на нива, дека тој е помудар од сите пратеници од СДСМ.

-Тој точно знае дека во времето на Киро Глигоров го даде името, во времето на Бранко и името и знамето и грбот, во времето Бучковски најголемиот и најтешкиот закон со територијалната организација и она што сега Заев го подготвува, тоа е двојазичноста и федерализација на државата. Е тоа е јазик на грешноста, тоа е јазик на омраза, не затоа што тие мислат дека лесно ќе победат, туку затоа што имаат една единствена причина. Ни за грам не си ја сакаат татковината. Никогаш на начин на кој ние си ја сакаме земјата. И затоа сме тука, да останеме на земјата, дека еден мора да ја брани татковината. Еден од нас да остане тој ќе биде одговорниот, кој на идни поколенија ќе кажува што е ВМРО-ДПМНЕ. И колку они говорат реторични против нас , толку сме ние посилни. Она што е значајно е дека како никогаш партијата не била цврста и силна, како никогаш не била обединета и затоа ние на 11 декември ќе ја прославуваме победата, говореше Претседателката на Комисијата за верски заедници Валентина, рече Божиновска.