Божиновска: СДСМ со стопирањето на проектите во археолошките истражувања нанесува непроценлива штета

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и Социјалдемократскиот сојуз со стопирањето на изградбата на проектот Антички театар Скупи, за жал, ја потценија и навредија маката на илјадници работници и тоа археолошки работници кои неколку години работеа на тој локалитет, порача во понеделникот на прес-конференцијата Валентина Божжиновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Божиновска на почетокот потсети дека со ребалансот на Буџетот, сумата предвидена за изградба на Античкиот театар Скупи, сите средства кои беа наменети за проектот се укинати, и тоа за повеќе од 80 отсто и притоа оцени дека станува збор за потврдува дека на владејачката СДСМ воопшто не се грижи за илјадниците археолошки работници го вложија својот труд сиве овие години наназад.

„Имено, со ребалансот на буџетот во културата проектиран од Социјалдемократскиот сојуз и Алаѓозовски, тие го кратат буџетот, но го кратат буџетот за сите археолошки истражувања со некаде над 70 отсто. Ова е многу лицемерно и срамно од Социјалдемократскиот сојуз“, рече Божиновска.

Потсети дека проектот за Античкиот театар Скупи требаше да се реализира, и оцени дека станува збор за еден од најголемите и најзначајните на Балканот, но и воопшто во севкупната археолошка историја и цивилизација, од римскиот период кој со својата конзервација и реставрација ќе се возобновеше и повторно ќе можеше да прими некаде од 8.000 до 10.000 гледачи.

„Дополнително, кратењето на буџетот за археолошки истражувања на локалитетите низ државата се некаде над 70 отсто, тоа ја отсликува негрижата на СДС за културното наследство во Република Македонија“, посочи Божиновска.

Запраша дали за СДСМ поважна им е „партизацијата на државата, партиските вработувања, задолжувањата, октоподите, морската храна, можеби и понекогаш цвеќињата“, додека, пак, реалната потреба за проектите во културата воопшто не им е важна.

Стопирањето на проектите кои се од огромно значење за граѓаните, не носат полза никому“, рече Божиновска и повика да не се стопира реализацијата на проектот за Антички театар Скупи, како и стопирањето на археолошките истражувања на локалитетите низ Република Македонија.