Божиновски: Изборите ќе донесат нова катастрофа за СДСМ

Владимир Божиновски
Изборите кога и да се случат ќе донесат нова катастрофа за СДСМ, сметаат експертите. Според нив, рејтингот на Заев се движи само во надолна линија па оттука, единствен спас за одложување на крајот на политичката кариера, опозицискиот лидер гледа во одложување на изборите и пролонгирање на кризата колку што е можно, пренесува Пресс 24.

-Доколку се знае поддршката кон едната и другата партија работите стануваат многу појасни. Доколку изборите се одржат утре, тоа е 2 месеци пред 24 април она што се случуваше на изборите во 2014 можеби нема да се преслика но ќе биде многу слично. Така што, Заев ќе биде соочен со еден нов голем пораз и тоа би значело негово целосно повлекување од политиката, смета Божиновски.

Катастрофален рејтинг за СДСМ покажуваат и сите релевантни анкети. Последната изработена од Брима Галуп покажува дека доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори од македонското гласачко тело за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.