Македонија

Божиновски: Jанева се однесува кон Заев како потчинета

Божиновски: Jанева се однесува кон Заев како потчинета

Зачудувачко е однесувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева кон лидерот на СДСМ. Таа кон него се однесува како потчинета и го толерира со непредавањето на материјалите од прислушуваните разговори, нагласува политичкиот аналитичар Владимир Божиновски за „Телеграф“.

Според него, материјалите одамна требаше да бидат во рацете на Јанева, а наместо тоа Заев ја убедува дека немала услови за чување.

Целта беше тие снимки да се заштитат и да не може секој да има пристап до нив. Наместо тоа, Заев се пазари со интимата на луѓето кои се на тие снимки. Чудно е однесувањето на Јанева, која кон Заев се однесува како потчинета. И покрај барањето на обвинителката да ги предаде снимките, Заев ја игнорира. Ме плаши ова нејзино однесување, вели Божиновски за „Телеграф“.