Божиновски: Колкава е казната за неупотреба на македонскиот јазик?

Откако се појавија информациите дека оние коишто нема да го почитуваат Законот за јазиците кој вон процедурите во средата беше донесен во Собранието, ќе платат казна од 4.000 до 5.000 евра во денарска противредност, се поставува прашањато дали соодветено ќе бидат санкционирани и оние коишто нема да го употребуваат македонскиот јазик.

„А за неупотреба на македонскиот јазик колку е казната, праша политикологот Владимир Божиновски во емсијата „Топ Тема“ на телевизијата Телма.

Освен овој недостиг, Божиновски наведе низа на недоследности коишто ги има споменатиот закон, за кои воопшто не беше дискутирано во Собранието и истите не биле отстранети.

„Се укажа на повеќе недоследности во самиот закон. Зошто тие недоследности не беа отстранети? На пример, законот уредува материја, закон којшто се носи со апсолутно мнозинство од 61 пратеник треба да уредува материја во системски закони коишто се носат со 81 пратеник. Невозможно е тоа“, истакна Божиновски.

Наведе дека овој закон стана проблематичен уште од ставање на европското знаменце на законот. Божиновски се консултирал со многу експерти кои ја познаваат оваа проблематика и сите до еден му потврдиле дека овој закон неможе да биде со европско знаменце.

Божиновски додаде дека нетребало да се брза за да се воведе овој Законот за јазиците. Тој посочи дека од старт овој закон е проблематичен и пред се треба да се дискутира за да овој закон биде прифатлив и за македонската јавност.