среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 9

Божиновски: Најмалку 100 илјади гласови предност за ВМРО-ДПМНЕ

Според Божиновски, доколку има одредена стабилност кај гласачкото тело на владејачката партија, доколку граѓаните, избирачите што ја гласаат владејачката партија се задоволни од нејзиниот перформанс како ја води државата, тогаш и самото јавно мнение е стабилно.

bozhinovski-640x363

Последни вести

Сите излегоа со одредена предност за ВМРО-ДПМНЕ и јас тргнувам од, условно кажано, најпесимистичката варијанта, најпесимистичката анкета беше 100 илјади гласа разлика. Затоа велам, од 100 илјади нагоре ќе биде. Колку ќе биде нагоре, ќе видиме, рече во мобилното отворено студио на телевизија Нова, политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.

Според Божиновски, доколку има одредена стабилност кај гласачкото тело на владејачката партија, доколку граѓаните, избирачите што ја гласаат владејачката партија се задоволни од нејзиниот перформанс како ја води државата, тогаш и самото јавно мнение е стабилно.

„Ние гледаме дека во изминативе неколку изборни циклуси избирачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ е најмалку 450 илјади гласови. Значи, има едно стабилно гласачко тело во одреден временски период од над 6, 7, 8 години веќе“, изјави Божиновски.

Најчитани вести