понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 61

Божиновски: СДСМ има цел општествена тензија, евтин ПР како во случајот со кумановско

Владимир Божиновски

Поврзани вести

Ако ти немаш платформа со која што ќе ја изградиш својата политичка програма, и таа да биде позитивна за да го привлечеш народот ти мора преку протестен глас ќе се обидеш да ја зголемиш поддршката, вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.

-За да го направиш тоа мораш да придонесеш состојбата во државата да биде незавидна и луѓето да почнат да се плашат, да се чувствуваат несигурни, неспокојни да станат нагативно настроени. Едноставно да создадеш општествена тензија, вели Божиновски на гостувањето кај Милено Неделковски во „Late Night Show“.

Така можат да се објаснат сите овие обиди, додава тој, како во случајот со Уставен суд, или случајот со полицијата во Кумановско.

-Пази што се случува. Опозициски медиуми пишуваат дека упаднале терористи од Косово, а полицијата мобилизирана, акција, над глава хеликоптери летаат, цела вечер, цело утро, цел ден. За на крај другиот ден да излезе техничкиот министер и да каже дека немало ништо, објаснува Божиновски.

Што бара Спасовски да спроведува вакви акции за време на политичка криза во државата, прашува тој.

-Тоа е ПР, не знам кој ги советува, но очигледно не е некој паметен, заклучува Божиновски.

Најчитани вести