Божиновски: Во политиката неколку пати се покажа дека 1+1 не е 2

Прашањето околу двојазичноста би требало да се набљудува најмногу од политички аспект, односно од тоа колкава штета или корист ќе им донесе на СДСМ, смета професорот Владимир Божиновски.

-Претпоставувам дека базичната теза од која тие тргнале е тоа дека гласачите кои не се Албанци, а го сочинуваат најголемиот дел од гласачите на СДСМ се сигурни гласачи. Сега во неможност да се покачи рејтингот се оди кон определен обид за привлекување гласачи од оној дел од каде досега не се црпеле гласови, односно од кај албанските граѓани. Тие мислат дека ќе успеат да ги привлечат на својата страна, а нивните членови и приврзаници ќе останат лојални и ќе гласаат за нив. Во политиката неколку пати се покажа дека 1+1 не е 2. Тука е проблемот, СДСМ не сметаат дека некој после овие изјави можеби ќе го промени ставот“, изјави Божиновски.