Божовиќ избран во идеалниот тим за ова коло од ЛШ

Божовиќ избран во дрим тимот за ова коло од ЛШ

Божовиќ одигра уште еден одличен меч во дресот на “металурзите” предводејќи го македонскиот клуб до првата победа во ЛШ оваа сезона.

Австрискиот репрезентативец со осумте погодоци на саботниот меч стигна до вкупно 18 голови со кои се наоѓа на второто место на листата на најдобри стрелци во Лигата на шампионите, зад Кристијан Бјорнсен од Кристијанштад кој на воведните две средби има постигнато 20 голови.

Друштво на Божовиќ во бековската линија на овој “дрим-тим” му прават Никола Карабатиќ и Момир Илиќ, кои беа лидери во првите победи на ПСЖ, односно Веспрем.

Идеален тим на второ коло од ЛШ:

Голман: Рихард Капелин (Ла Риоха)

Лево крило: Јонас Калман (ПИК Сегед)

Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)

Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)

Десен бек: Јанко Божовиќ (Металург)

Десно крило: Кристијан Бјорнсен (Кристијанштад)

Пивот: Бјарте Мирхол (Скјерн).