Брачен пар во Штип избркани на улица, бебето го оставиле да живее во болница

Бебе старо 20 дена се наоѓа на Педијатрија во штипската Клиничка болница, бидејќи неговите родители останале без дом, тврди таткото Дејан Велков. Причината зошто се решил на ваков чекор е агресивноста на мајката на неговата сопруга, која по вчерашната кратка, но жестока расправија брутално физички се пресметала со нив и ги избркала на улица, објави „Канал 5“.

– И сега нема каде да одиме. Нашето дете е хоспитализирано. Значи ден, два, три во болница, се додека мојата сопруга на закрепне, изјави загрижениот сопруг,  Дејан Велков.

Последица од кавгата е хоспитализирање на 25 годишната Петка Златкова Велкова на хируршкото одделение во штипската Клиничка болница, откако паднала во бесознание по ударот во тилот од страна на нејзината нервозна мајка.

– Јас кога отидов во другата соба за да го оставам бебето