Брачен пар нападна медицинска сестра во струмичката болница

Брачен пар денеска во струмичката болница нападнале медицинска сестра, а набргу се вмешало обезбедувањето на болницата, известува „Струмица денес“.

Нападната била медицинска сестра од Инфективното одделение, а причините за нападот засега се непознати.  Обезбедувањето спречило да дојде до поголем инцидент, а потоа била повикана и полицијата, која разговарала со двете страни, и дополнително ќе се произнесе за случајот.