Брачниот пар што претепаа 3-годишно дете ќе одговара за убиство

Обвинителството го комплетира обвинителниот акт за грозоморното убиство во кое брачен пар  брутално претепа тригодишно девојче од соседството. ИЈО поднесе обвинителен акт за сторено кривично дело – убиство против брачниот пар кој го претепаа детето.

Грозоморното убиство се случи на 21. март годинава откако обвинетите го намамиле девојчето да дојде во нивниот дом, а потоа го убиле со претепување. Тие на мајката на детето ѝ кажале дека девојчето паднало по скали.

Двајцата обвинети во својот дом, повеќе пати го удирале малолетното лице со тупаници, клоци и со кабел по целото тело, со што му нанеле поголем број повреди. Од повредите настапил трауматски шок што довел до престанок на виталните органи, по што настапила смрт кај жртвата.

По завршувањето на истрагата и по прибирањето на сите докази, Основното јавно обвинителство во Скопје го поднесе обвинението според кое ги товари сторителите за квалифициран облик на кривично дело – убиство, стои во соопштението на Обвинителство.