Брахими: Крај на преговорите во Женева

Посредникот на Обединетите нации за Сирија, Лахдар Брахими, објавил крај на преговорите на сириската влада и опозицијата во Женева, кои што две недели беа во безизлезна ситуација, без датум за нивно продолжување.

„Мислам дека е подобро секоја страна да се врати и да размисли за своите одговорности и да каже дали сака овој процес да продолжи“, рекол Брахими.

Тој му се извинил на сирискиот народ и признал дека преговорите „не донесоа многу работи“.

Ова беше втора рунда од преговорите на власта и опозицијата во Сирија во Женева која започна на почетокот на оваа недела, додека првата започна на 22-ри јануари, кога беше остварен најголем напредок.