Брајант не се враќа на теренот до крајот на сезоната

Најголемата ѕвезда во тимот на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, најверојатно нема да се врати на паркетот до крајот на сезоната, бидејќи за тоа сега нема потреба. Примарната причина за неговото отсуство од паркетот е тоа што се уште се нема целосно оправено од повредата, а друга причина е дека ниту во најдобра форма не би можел да му помогне на тимот да излезе од “зоната на самракот”и да се пласира во плејофот.

Повикувајќи се на извори блиски на клубот, американските медиуми пишуваат дека Лејкерси на крајот од неделава ќе излезат со соопштение дека за Брајант, сезонава е завршена.
Ѕвездата на “езерџиите” се врати на теренот на почетокот на декември по повеќемесечна апстиненција заради повреда на ахиловата тетива. Но, набрзо претрпе нова повреда, а во последно време повеќе е на лекарски преглед отколку во сала. Иако првата проценка на лекарите беше шестнеделна пауза , сега е извесно дека љубителите на кошарката ќе го видат дури наредната сезона.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.