„Брајтбарт“: Групите на Сорос во мартвпланираат „спонатани“ протести против Трамп

Сајтот „Брајтбарт“, со кој раководи главниот советник нд Донал Трамп, Стив Бенон пишува дека групите на американскиот милијардер Џорџ Сорос и невладините организации кои се финансирани и под контрола на соросовото „Отворено општество“ планираат масовни “спонтани“ протести против Доналд Трамп во март.

Стив Бенон и Доналд Трамп
Стив Бенон и Доналд Трамп

„Брајтбарт“ е сајтот во кој долги години главен и одговорен уредник беше Стив Бенон, сегашниот најблизок соработник и советник на Трамп.  Според сајтот, групите и НВО што се финансирани од Сорос, следниот месец планираат демонстрации низ САД против новиот американски претседател.

„Брајтбарт“ пишува дека повеќето групите и организаторите кои даваат поддршка на маршот против Трамп се финансираат од Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос или пак имаат блиски врски со финансирање од милијардерот.

-За тоа веќе се пуштени големи финансиски средства од Сорос, преку октоподот на повеке од 50 “независни” и “граѓански” организации, кои се всушност обични партиско – идеолошки филијали. “Спонтаните” протести на Сорос се планираат во главниот град Вашингтон и во 60 други градови низ САД, пишува „Брајтбарт“.

Дури шест од осумте групи кои стојат зад организацијата на протестите се или финансирани од Сорос или пак на некаков начин поврзани со неговото “Отворено општество“. Меѓу нив е и организацијата „Move on“ формирана и финасирана од Џорџ Сорос и на чиј сајт стои дека тие организирале над 200 протести во Америка по изборот на Доналд Трамп за претседател.

161111191123-18-trump-protest-super-tease

Инаку, пред 3 дена интервју за медиумската кука „Брајтбарт“ имаше македонскиот новинар Цветин Чилиманов од „Стоп Операција Сорос“, во кое истакна дека организациите поддржани од Сорос и УСАИД се обидоа да палат државни институции и повредија десетици полицајци во Македонија.

„Брајтбарт најави дека ќе продолжи да известува за активностите на Џорџ Сорос во Македонија и во источна Европа, и неговите обиди да донесе левичарски партии на власт, како и да го истражува финансирањето на невладините на Сорос со пари од американските даночни обврзници со што е извршена злоупотреба на овие средства.

„Брајтбарт“ е новинска агенција на чие чело до неодамна стоеше Стив Бенон, кој сега е именуван за главен политички советник на американскиот претседател Доналд Трамп, со што Брајтбарт се смета за медиумски канал кој е политички најблизок до Белата Куќа.

Бенон беше главен и одговорен уредник на „Брајтбарт“ од 2012 до 2016 година. „Брајтбарт“ е еден од првите позначајни конзервативни сајтови кој го поддржа Трамп во кампањата, уште во раната фаза. Бенон како уредник повеќе пати го интервјуираше Трамп за време на кампањата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.