Брајтер: Баерн Минхен е подобар од Реал Мадрид и точка

Легендарниот репрезентативец на Германија и поранешен фудбалер на Баерн Минхен и Реал Мадрид, Пол Браитнер ја подгреа атмосферата пред утрешниот реванш полуфинален натпрева од Лигата на шампиони помеѓу неговите поранешни клубови со изјавата дека баварскиот гигант има далеку поквалитетен тим во споредба со тој на “кралскиот клуб”.

“Ако одиграме како што треба, не е важно дали Реал Мадрид игра дома или на гости, Баерн Минхен сигурно ќе победи. Зошто е толку едноставно? Затоа што Баерн Минхен има далеку подобар тим од Реал Мадрид. Точно дека ги немаме на располагање услугите на Кристијано Роналдо, но Баерн Минхен има подобар тим. Мора да ја повториме играта од првиот натпревар, мора да го наметнеме нашиот стил на игра, да доминираме во средината, топката постојано да биде во нашите нозе. Рибери повторно игра во посакуваната форма. Јас сум голем оптимист, ќе дадеме се од себе во Минхен и ќе успееме”, изјави Брајтнер.