Браќа со ножеви се пресметувале во Струга

Едно лице во саботата во Струга е прободено со нож во пресметката со својот брат, извести министерството за внатрешни работи.

Вчера во 15,10 часот во Полициска станица Струга од Хируршкото одделени при Медицински Центар Струга, било пријавено е дека кај нив е донесен повреден со остар предмет, најверојатно нож, 31-годишниот стружанец О.Н.. Тој бил прободен во пределот на стомакот, по што е задржан на лекување.

Од извршен разговор дојдено е до сознание дека поради нарушени семејни односи дошло до физичка пресметка помеѓу О.Н. и неговиот брат 28-годишниот Т.Н., при што во еден момент Т.Н. извадил џебен патент нож и му нанел неколку убоди во пределот на стомакот на О.Н., а потоа избегал од местото на настанот.

По целосно расчистување и документирање на настанот против Т.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.