понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 45

Браќата Бакрауи „оперирале“ одвоено – Еден на аеродромот, друг во метрото

Белгиската франкофонска телевизија РТБФ ги објави информациите дека браќата Бакрауи се главните осомничени за вчерашните напади во Брисел.

el bakraui

Поврзани вести

Белгиската франкофонска телевизија РТБФ ги објави информациите дека браќата Бакрауи се главните осомничени за вчерашните напади во Брисел.

Телевизијата, повикувајќи се на информации од истрагата пишува дека Брахим Ал Барауи бил бомбашот самоубиец кој го извршил нападот на аеродромот Завентем, додека другиот брат Калид го извршил нападот врз метро станицата Малбег.

Телевизијата наведува дека браќата Ел Бакаруи и’ биле познати на полицијата од претходно, за организиран криминал, но досега тие не биле обвинети или осомничени за акт на тероризам.

Според истрагата, еден од браќата, Калид, под лажен идентитет изнајмил стна на улицата „Ру де Дри“ во населбата Форест во Брисел каде минатата недела беше уапсен еден од најбараните светски терористи, Салах Абдеслам, кој директно учествуваше во терористичките нашади што во неомври минатата година се случија во Париз, Франција.

Најчитани вести