Спорт

Браќата Лукаку во пакет на Вајт Харт Леин

Браќата Лукаку во пакет на Вајт Харт Леин

Амбициозниот сопственик на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Даниел Леви ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на белгискиот интернационалец од редовите на Евертон, Ромелу Лукаку.

Младиот напаѓач е во сопственост на градскиот ривал на Тотенхем, тимот на  Челзи, но голема е веројатноста дека Лукаку ќе доби дозвола за промена на клупската средина затоа што предводникот на “сините”, Жозе Мурињо, нема да смета на неговите услуги во новата клупска сезона.

Англиските медиуми се убедени дека сопственикот на “петлите” е подготвен да одвои околу 30 мил. евра за напаѓачот на Евертон, а далеку помала понуда, Леви ќе испрати и до помалиот брат на Робелу, Џордан Лукаку кој моментално го носи дресот на белгискиот прволигаш Остенде.