Бракот не е вечен ниту пред Бога

Брачните парови во Македонија покрај граѓанскиот можат да го раскинат и црковниот брак – и тоа до три пати. Ако сакате по четврти пат да се венчате во црква потребен ви е амин лично од Владиката.

Венчавањето во црква било реткост во времето на комунизмот, па и тие што се венчавале го правеле тоа скришно. Од осамостојувањето на земјава оваа црковна церемонија е во тренд, а иако добар дел од јавноста можеби не е информиран, црковниот развод кај нас функционирал отсекогаш.

За црковен развод пред се потребна ви е претходна судска потврда за развод, а обредот за црковна венчавка не е ист за паровите кои прв пат се венчаваат и за партнерите кои по втор пат застануваат пред олтар. Молитвата е пократка и поразлична од вообичаената.