Браковите не се тоа што биле некогаш: Ова мора да го знаете ако сакате да го зачувате

Понекогаш е прекрасен и извор на голема среќа, понекогаш е крајно збунувачки и ивор на големи фрустрации. Идејата за бракот се менувала низ историјата, а заедно со то и неговиот век на траење. Стефани Концоф, професорка и авторка на книгата „ Marriage, a History: How Love Conquered Marriage“, изнела неколку интересни заклучоци за модерните бракови, кои ги  темели на опсежни истражувања.

Се’ што сте мислеле дека знаете за бракот е погрешно

Многумина мислат дека браковите во минатоот биле посреќни, поквалитетни, подолговечни-што е точно, но и погрешно во исто време. Имено, браковите во минатоот се склопувале исклучиво од економски, политички или општествени причини. Пример, во Индија и Кина било општествено неприфатливо да се стапи во брак од љубов. Во историјата, таквиот брак во повеќе земји се сметал за нестабилен.

Браковите кои се темелат на љубов и еднквост се всушност од поново време и тешко е да се споредуваат со договорените, политички прифатливи брачни заедници.

Вие и вашиот партнер мора да дефинирате што за вас значи бракот

Стефани тврди дека нејзиното истражување покажало дека односите меѓу партнерите повеќе се измениле во последните 30 години, отколку во претходните 3.000 години. Оттаму, не зачудува големата збунетост и бројот на разводи.

Во минатото паровите не морале претерано да работат на своите односи, бидејќи не бил изразен толку индивидуализмот и се следеле одредени општествени правила, а се држело и до половите улоги. Еднаквоста и желбата двајцата партнери да живеат автентичен живот довело до тоа да помалку се прават компромиси. Претходно, бракот бил полн со непишани, но крути правила, а денес е значително пофлексибилен, што очигледно има свои предности и недостатоци.

Во бракот е важно да знаете да комуницирате и да преговарате

На партнерот мора да му дадете јасно и експлицитно до знаење што сакате, а не да оставате другиот да претпоставува.

Кога крутите правила се заменети со слобода и еднаквост, станало јасно дека бракот е жив организам кој се менува, развива и напредува, па треба и двата партнери да одат во склад со тоа и активно да ги следат сите фази од развојот на својот однос. Динамиката на браот кога се сами, со деца и без деца е различна, и треба да се прилагодуваат кон тоа.

Бракот мора да се темели на почитување и на пријателство

Стравствените бракови звучат посакувано, но статистиката сепак потврдила дека не се одржливи. Страста брзо исчезнува и тогаш е важна суштината- зошто воопшто сте заедно? Бракот се одржува само на цврсти темели на почитување, уважување и пријателство.

Стефани тврди дека денешните бракови често завршуваат со развод, затоа што се темелат на сексуалноста, а не на пријателство и квалитетен одност. Важно е да делите слични интереси и животни вредности.