Брандао ја доби заслужената казна – шест месеци надвор од терените

Бразилецот Брандао доби шестмесечна суспензија поради нокаутот врз италијанскиот репрезентативец од ПСЖ, Тијаго Мота на стартот на сезоната во француската Лига 1.

По завршувањето на мечот на „Паркот на принцовите“, Брандао го пречека Мота и со глава го нокаутирал пред соблекувалните во општиот метеж кој настанал. Тензиите од теренот се префрлиле во подтрибинскиот простор, па дошло до инцидент.

Целиот инцидент бил фатен од камерите на стадионот, па на дисциплинската комисија не и беше тешко да изрече суспензија, според која Брандао сега ќе мора да се лади и на фудбалските терени ќе се врати дури на крајот на февруари.

Бразилецот е поранешен фудбалер на Марсеј и Сент Етјен, кој дојде во Бастија откако се договори за едногодишен договор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.