Бранејќи ги „Јорганџиите“, Капело ги навреди хомосексуалците

Селекторот на фудбалската репрезентација на Русија, Фабио Капело, изјави дека Атлетико од Мадрид е одличен клуб, бранејќи ги од обвинувањата дека „Јорганџиите“ се груби.

Како и да е, изјавата на италијанскиот фудбалски стручњак е интересна поради една од квалификациите што ги искористил во таа насока.

Искусниот Капело го употребил шпанскиот израз „marikitas“ или „бубамари“, што ги налути хомосексуалците, бидејќи тие биле навредени.

„Атлетико е клуб составен од храбри фудбалери, различен од Реал Мадрид и Барса“, вели Италијанецот.

„Желбата им е да се натпреваруваат и да победат“, додава искусниот фудбалски стручњак.

„Фудбалот е без насилници, кои се обидуваат да ве повредат, а важи правилото дека за „бубамарите“ е друг спорт“, заклучи Италијанецот.

Селекторот на Русија меѓу другото беше на клупата на „Сантијаго Бернабе“, каде што бараше дисциплина.