Бранителите против двојазичноста и федерализацијата кои ги заговара Заев

Зоран Заев ги навреди сите Македонци, а посебно бранителите и нивните семејства. Без ниту грам совест и срам ги погази жртвите од 2001 година кои ги бранеа државните интереси. Ние како бранители секогаш сме биле на браникот на татковината, секогаш сме ги бранеле и ќе ги браниме унитарноста и сувереноста  на Република Македонија, велат бранителите од Прилеп.

Во продолжените го пренесуваме целиот текст интегрално:

Ова треба да им биде јасно на сите посебно на луѓето од СДСМ кои имаат „План за федерализација и двојазична Македонија“. Крајната цел на Зоран Заев и СДСМ е многу јасна. Тие сакаат да се дограбат до власт и да ја редефинираат државата. За денеска ние да имаме своја држава, да имаме свој јазик, своја химна и конечно за денеска ние да живееме во независна и слободна Република Македонија, многу наши херои во минатото го дале својот живот, тоа не смее да биде заборавено од никого.

Ние нема да дозволиме на господата од СДСМ насилно да го уништуваат и рушат поредокот на оваа држава за која ние со крв сме се бореле, сме ја бранеле и сме ја штителе. Ако во 2001 година бевме први на браникот на татковнината, сега сме уште посилни, пообединети, порешителни, во одбраната на нашата држава и уставниот поредок. Бранителите и Македонците никогаш нема да ги заборават сите омаловажување, навреди и напади од страна на Зоран Заев и СДСМ кон македонските бранители.

Нема да биде заборавено дека СДСМ и Зоран Заев во насилните протести удрија и ја каменуваат македонската полиција. Нема да биде заборавено дека СДСМ и Зоран Заев ден откако нашите браќа ги загубија животите во Диво Насеље насменао се сликаше.

Нема да биде заборавено дека Заев бараше ослободување на терористите од Диво Насеље. И на крај нема да биде заборавено дека СДСМ во Прилеп извади албанско знаме и ги омаловажи сите бранители.  Бранителите овој пат со пенкало во рака на 11 декември ќе ги штитат интересите на Република Македонија.