Бранителите се приклучија кон граѓанското движење за одбрана на Македонија

Здружението на припадници на безбедносните сили БЕДЕМ дава силна поддршка и се приклучува кон граѓанското движење за одбрана на Македонија. БЕДЕМ уште вчера испрати силна порака дека интересите на државата треба да се секогаш во прв план, а не борбата за политичка власт.

Претседателот на БЕДЕМ, Горан Димоски вели дека бранителите се секогаш тука да ја бранат Македонија. Истакнува дека тие се бореле и гинеле за Македонија и нема да дозволат некој да и нанесе штета.

-Сите бранители до еден ги збиваме редовите и застануваме во одбрана на Македонија, кога и да е потребно. Сега е такво време. Не можеме да го премолчиме својот револт кога дознавме дека некој соработувал со странските служби против интересите на својата држава и својот народ. Тоа е срам за секој Македонец! Луѓе гинеле за оваа држава, за да бидеме свои на своето, а не некој да соработува со странски служби против интересите на својот народ и својата држава. Бранителите се секогаш тука за Македонија, истакна претседателот Димоски.

Сплотувањето на граѓаните за одбрана на Македонија следува по заканите на Зоран Заев кон премиерот Груевски и граѓаните, дека добил материјали од странски служби со кои сите ги уценува.

фото: Курир

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.