вторник, 7 февруари 2017  |  Вести денес: 49

Бранителот на Панчевски тврди дека Стаменковски врши груба злоупотреба на Законот за мобинг

dangov

Поврзани вести

Бранителот на поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје Владимир Панчевски, адвокатот Димитар Дангов, посочи дека Горан Стаменковски прави злоупотреба на Законот за мобинг.

-Законот е еден и Законот може да се толкува само на еден начин. Јас во оваа прилика само една работа ќе кажам- тужител кој што знае или треба да знае дека од доказите на кои се повикува не произлегуваат причините за мобинг, а поднесе тужба каква што е конкретната, од цели нему познати- да стекне корист или на тужениот во случајот да му причини штета, врши груба злоупотреба на правото на тужба за мобинг. Законот тоа го санкционира и до одлуката на судот во оваа постапка ви предлагам да се воздржиме од коментари надвор од судницата, истакна Дангов.

Во граѓанскиот суд, денеска беше одложено рочиштето за судскиот процес против Панчевски, кого вработен го тужи за мобинг.

Најчитани вести