Свет

ФОТО+ВИДЕО: Бранови на небото во Сиднеј

ФОТО+ВИДЕО: Бранови на небото во Сиднеј

Бранови на небото ги изненадија жителите на Сиднеј. Неверојатна глетка од облаци што изгледаат како огромен бран што оди кон плажата вчера била забележана на плажата во Сиднеј, пишува Си Ен Ен.

Една од жителките на градот вели дека додека одела кон плажата за да плива видела нешто што го опишала како бранови на небото.

branovi-na-neboto-1

Луѓето трчаа да се фотографираат, но наеднаш стана мошне магловито и водата била потопла, наведува Никол Кајзер.

Како што вели, таа брзо ја напуштила плажата кога видела дека дождот се приближува. Метеоролозите пред тоа дале предупредување дека се приближува невреме, апелирајќи до граѓаните да останат дома, да се оддалечат од прозорецот и да избегнуваат да користат домашни апарати и телефони.

Во моментот кога „брановите на небото“ пристигнале во Сиднеј паднал силен дожд.