Македонија

Заседава Кризниот штаб (Видео) Бранови високи 120 сантиметри го поплавија Охрид

(Видео) Бранови високи 120 сантиметри го поплавија Охрид

Силниот ветар, кој дуваше со брзина од над 90 километри на час, предизвика штета на повеќе места на крајбрежјето на Охрид. За справување со последиците, заседаваше Кризниот штаб на општина Охрид, на кој беа договорени конкретните активности на надлежните служби и нивна координација.

-Нивото на Охридското Езеро е на 693,78 метри и тоа е 3 сантиметри над дозволената кота од 693,75 метри. Силниот ветер од над 90 километри на час, предизвика бранови во висина од 120 сантиметри. Кризниот штаб е во постојана комуникација со АД ЕЛЕМ, од каде велат дека кај Дрим се испуштаат по 20 метри кубни во секунда. Екипите на јавните претпријатија цел ден беа на терен и расчистуваа, а противпожарната единица имаше осум интервенции на паднати оџаци.Најголеми оштетувања има на крајбрежните објекти на потегот од Канео до градскиот плоштад-велат од Кризниот штаб.

 

Од таму најавуваат дека од 7 часот се продолжува со чистење,а е бидат ангажирани сите ЈП со потребни работници кои ќе бидат подготвени со алат и механизација за санирање на штетите. Правните и физичките лице кои се оштетени од невремето од понеделник ќе можат да поднесат барање за обештетување. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди по пријава ќе излезе на терен.

Nekoj za kafe? M?

Posted by Кочо Каневче on сабота, 17 Март 2018

 

Од Кризниот штаб се апелира да се тргнат автомобилите и да се регулира сообраќајот во стариот дел на Охрид за да може механизацијата непречено да работи на расчистување.