Македонија

Братот на Бекир Асани му се заканувал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани

Братот на Бекир Асани му се заканувал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани

Братот на Бекир Асани, Бејтула Асани, му се заканувал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, потврдуваат од ЗНМ.

Селмани добил порака на Фејсбук со заканувачка содржина, а од Здружението велат дека случајот е пријавен во полиција.

Заканите доаѓаат откако Селмани на својот Фејсбук профил напиша дека правната држава клекна пред еден силеџија, за случајот со пајакот и полицајката.

Очигледно со ова е запознаена и меѓународната заедница, бидејќи со осуда се огласи Претставникит на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир.