Свет

Братот на Џорџ Буш ќе се кандидира за претседател на САД

Братот на Џорџ Буш ќе се кандидира за претседател на САД

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот, изјави дека смета дека неговиот помлад брат Џеб, поранешен гувернер на Флорида сака да биде претседателски кандидат на изборите во 2016 година, пишува МИА.

Буш изјави дека тој и Џеб разговарале за неговата иднина.

– Тој секако, рече дека досега не одлучил. Мислам дека не би му се допаднало постариот брат да го турка…Но, мислам дека тој сака да биде претседател. Мислам дека бил бил извонреден претседател. Тој разбира што значи да се биде претседател. Го виде својот татко на таа функција. Го виде и својот брат, изјави Џорџ Буш.

Џеб Буш моментно е во кампања за избори во Конгресот како поддршка за републиканците како сенаторот Пит Робертс, кандидатот за гувернер Ејџи Хачинсон и Том Тилис, кандидат за Сенатот.