Братот на Ким Кардашиан ќе објави книга за мрачните тајни на семејството

Роберт Кардашиан, членот на најпопуларното риалити семејство, планира да објави книга во која ќе ги открие најмрачните тајни што неговото семсјтво со години наназад успешно ги крие од јавноста, пренесуваат американските медиуми.

Но, ако тоа се случи, Крис Џенер, мајката на ова големо семсјтво, планира да преземе правни мерки за да го спречи во намерата.

– Крис не сака да му направи такво нешто на Роб, но свесна е дека таа книга би можела да биде шамар за целото семејство, вели извор близок до семејството.