петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Братот на „мозокот“ на нападите од Париз подготвува одмазда

Полицијата во европските држави е во припремност откако доби известувања дека 15-годишниот брат на „мозокот“ на нападите од Париз Абделхамид Абуд ја напуштил Сирија и во моментов е на пат кон Белгија за да се одмазди за смртта на неговиот брат, пишува „Раша Тудеј“.

bratot-abdelhamid-abud

Поврзани вести

Полицијата во европските држави е во припремност откако доби известувања дека 15-годишниот брат на „мозокот“ на нападите од Париз Абделхамид Абуд ја напуштил Сирија и во моментов е на пат кон Белгија за да се одмазди за смртта на неговиот брат, пишува „Раша Тудеј“.

Јоунес Абуд во медиумите е опишан како најмладиот познат џихадист на Исламска Држава. Во јануари 2014-тата кога имаше само 13 години Абделхамид наводно го земал од Белгија во Сирија, каде Јоунес и’ се приклучил на терористичката група.

Дојдов во 10 часот, биле зборовите на терористот пресретнати од Интерпол на 28-ми февруари во телефонскиот разговор со неговата сестра Јасмина која во моментов е во Белгија.

Претходно на Фејсбук се појави закана во која се тврдеше дека „Јоунес наскоро ќе се одмазди за смртта на брат му“.

Се смета дека неговиот постар брат Абделхамид Абуд бил „мозокот“ на нападите во Париз од 13-ти ноември минатата година во кои загинаа 130 лица. Тој беше убиен во анти-терористичката операција во париското предградие Сан Дени една недела по масакрот.

Семејството на Абуд живее во бриселското предградие Моленбег кое е озлогласено како „легло на Исламисти“.

Властите предупредуваат дека Јоунес најверојатно го променил изгледот и дека патува под лажно име иако министерот за внатрешни работи рече дека нема никакви сознанија за ова предупредување.

Полицијата е загрижена затоа што Јоунес би можел да ги следи стапките на брат му и да ги избегне граничните контроли во Европа користејќи ја политиката на Шенген зоната. На тој начин Абделхамид пристигнал во Британија во 2015-тата иако имало барање за негово апсење.

Најчитани вести