Братот на водачот на калифатот на ИДИЛ преминал во христијанство

Братот на водачот на исламската терористичка групација ИДИЛ кој се прогласи за калиф, се обраќа во христијанската вера, соопштува информативниот портал Цалам 1, повикувајќи се на информативниот сервис Ал-Џазира.

Мухамед Бакр ал – Багдади, родениот брат на „калифот” на ИДИЛ Абу Бакр ал – Багдади, го напушти исламот и поверува во Христа.

Одлуката на братот на самонаречениот водач на „државата” предизвика бурна реакција во арапскиот свет: така радикалните теолози веќе издадоа релевантни фатви (клетви) со кои се пропишува ал – Багдади да биде казнет „заради отстапништво” во кој било дел од земјината топка и да се наоѓа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.