сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Братот на загинатиот Висар Бегај не бил во авионот

Медиумите пренесуваа дека во авионот биле 4 италијански и двајца државјани на Косово, но точната информација е дека сите патници и пилотот се Италијани, само еден од патниците има двојно државјанство, косовско и италијанско.

brat-begaj-640x375

Поврзани вести

Во коријата над селото Кожеле – скопско, во исклучително непристапен терен, припадници на специјалните полициски сили, единици за брзо распоредување и јавното обвинителство денеска вршеа увид местото каде урна се урна приватниот авион од типот „ПАЈПЕР ПА 34“ со германски регистарски ознаки и загинаа сите пет патници и пилотот.

Авионот полетал од Тревизо Италија, летал над јадранското крајбрежје, а крајната дестинација му била Приштина, каде требале да учествуваат на аеро- митинг.

Авионот го управувал претседателот на клубот Франческо Монтањер, а со него биле и Дарио Бастасин, италијанката Илариа Берти, косовецот со двојно државјанство Висар Бегај и Ангело Калегари.

Според очевидци, мештани на селото Кожле, слушнале како силно бучат моторите на авионот што прелетувал, како да се мачел да се искачи над ридот, и кусо потоа се слушнал удар. Ударот на авионот бил толку силен што три од патниците се комплетно смачкани во кабината на пилотот, а другите се во многу лоша состојба или се буквално расфрлани околу кршот од авионот.

kozle-640x294

Но,  другите два авиони кои летале зад авионот што се урна биле оддалечени само една минута лет пред нив, и како изјавиле патниците и пилотите од другите авиони, не забележале никаква експлозија или воопшто не ја виделе несреќата.

Основното јавно обвинителство Скопје повика и стручно лице кое е компетентно за овој вид на несреќи, со цел да придонесе кон истражните дејствија.

Од извршениот преглед на терен пронајдени се сите делови од авионот и тоа крило со една гума, метална електронска кутија, два мобилни телефони, карти за патување и една италијанска патна исправа.

авион

Медиумите пренесуваа дека во авионот биле 4 италијански и двајца државјани на Косово, но точната информација е дека сите патници и пилотот се Италијани, само еден од патниците има двојно државјанство, косовско и италијанско. Забуната ја направила листата на летање каде во авионот биле пријавени двајца браќа од Косово, но како дознаваме неофицијално едниот брат во последен момент се прекачил во друг авион кој слетал во Загреб, а требало да пристигне во Приштина на истиот аеро- митинг.

Најчитани вести