Браво, момци – Македонците го срушија Гинисовиот рекорд во туркање кола

Македонците Александар Чекоров и Александар Смилков го срушија Гинисовиот рекорд во туркање на автомобил за 24 часа.

Тие успеале да поминат 95 км со туркање на колата по обележаната патека во СЦ „Форца“, како што покажаа резултатите утрово во 8 часот.

Досегашниот рекорд беше на двајца Американци и изнесуваше поминати 82,4 км.