Бразил: 641 бебе заболено од микроцефалија

Во Бразил од почетокот на епидемијата на вирусот зика во октомври 2015 година регистрирани се 641 бебе заболено од микроцефалија, а од таа болест починале 139 бебиња, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Владата истражува уште околу 4.222 случаи на заболени од микроцефалија.

Бројот на заболените е 9,9 отсто повисок од бројот, кој минатата недела го изнесе Министерството.

На почетокот на февруари Светската здравствена организација процени дека треба да се разгледа можната врска меѓу зика и експлозијата на случаи на вродени малформации.

Бразил сега има 1,5 милиони случаи.