Бразил без пораз до светската титула, Данска бронзена

Женската ракометната репрезентација на Бразил е нов светски шампион, откако во финалето на Светското првенство во Србија, славеш над селекцијата на домаќинот со 22:20 (13:11) “Кароките” ја издржаа пеколната атмосфера и притисокот од 20.000 гледачи во “Комбанк арена” и заслужено без пораз на првенството стигнаа до златниот медал.

Бразил постојано го контролираше резултатот и ниеднаш во натрпеварот не им дозволи на домаќините да поведат со повеќе од два гола. Бразил на почетокот на второто полувреме успеа да направи предонст и од четири голови (16:11), по што беше јасно дека Србија тешко ќе стигне до златниот медал.

Во мечот за бронзениот медал Данска ја совлада Полска со 30:26.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.