Бразил елиминиран од Копа Америка

Бразил елиминиран од Копа Америка
Бразил елиминиран од Копа Америка
Повеќекратниот светски првак селекцијата на Бразил не успеа да се пласира во четвртфиналето на Копа Америка, откако синоќа во натпреварот од 3. коло од групата Б загуби од Перу со 1:0. Во вториот дуел од оваа група Еквадор славеше победа од 4:0 над Хаити.

Стрелец на единствениот гол на дуелот Перу–Бразил беше Раул Руидиаз во 75. минута, а за најдобар играч на натпреварот беше прогласен голманот на Перу Педро Галесе. Со победата над „кариоките“ Перу го освои првото место во групата Б со 7 бодови, пред Еквадор со 5, Бразил остана со 4, а Хаити не освои ниту еден бод.

Во четвртфиналето Перу ќе игра против Колумбија, а Еквадор за ривал ќе го има домаќинот САД.

Денеска на Копа Америка се играат натпреварите од 3. коло од Ц групата: Мексико – Венецуела и Уругвај – Јамајка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.