Бразил ги бара ВАР снимките од ФИФА

Фудбалскиот сојуз на Бразил се обрати до ФИФА со намера да добие детално објаснување во врска со контроверзниот натпревар со Швајцарија (1: 1), а се одигра во недела во групата „Е“.

Како што пренесува ЕСПН, Бразилците од светската куќа на фудбалот бараат  објаснување како точно функционирал видео надзорот во натпреварот, во кој петкратниот светски шампион освои само еден бод и смета дека во два наврати бил оштетен.

Првиот случај беше изедначувачкиот гол на Кубера, за кој Бразилците тврдат дека е постигнат по фаулот од Швајцарецот врз дефанзивецот Миранда, а вториот е недосудениот пенал во корист на Бразил во акција на Габриел Џизус.

Овие две детали покажуваат дека се во прашање јасни грешки на арбитерот, поради што би требало да бидат предмет на анализа преку ВАР (видео асистент технологијата). Нас не интересира дали надлежните за време на натпреварот со Швајцарија овие две акции воопшто се прегледувале во видео- собата, а од ФИФА бараме да ни ги предадат сите видео и аудио записи настанати во овие ситуации, стои во барањето на Фудбалскиот сојуз на Бразил до ФИФА.