Бразил го загуби и натпреварот и Нејмар

Фудбалерите на Колумбија го победија Бразил со 1:0 во второто коло од Групата Ц на Копа Америка.

Единствениот гол за Колумбијците го постигна Муриљо во 36-та минута од натпреварот на асистенција на Гутиерес…

Колумбија, на тој начин, се врати во игра за пласман во следната рунда натпревари, откако претходно, пак, загуби од Венецуела на стартот на натпреварувањето. Бразил во првото коло беше подобар од Перу. Токму Венецуела и Пери се среќаваат престојнава ноќ во вториот натпревар од второто коло во оваа група.

Дополнителен проблем за Бразилците во последното коло ќе биде и отсуството на Нејмар кој доби црвен картон по крајот на синоќешниот меч поради неспортски однос шутирајќи ја топката и погодувајќи противнички играч. Настана инцидент по кој и Колумбиецот Бака зработи исклучување.