Бразил: Гром ја оштети познатата статуа на Исус

Големото невреме кое што овие денови зафати делови од Бразил нанело огромна штета, а еден гром кој што го погоди градот Рио де Женеиро ја оштетил познатата статуа на Христос Спасителот.

Попрецизно, громот го оштетил десниот прст на статуата, соопштиле локалните власти.

Во февруари 2008-ма година е спроведена голема реставрација откако гром удрил и ја оштетил главата и прстот на статуата, една од најголемите камени статуи на Исус во светот, која што се наоѓа на брдото Корковадо.

Статуата е висока 38 метри и е прогласена за ново светско чудо во 2007-ма година, а направена е од 700 тони бетон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.