Бразил ќе бира противник

Најголемото разочарување во групата “А”, репрезентацијата на Камерун не би требало да биде некоја посериозна пречка за домаќинот на јубилејното 20. Светско првенство, селекцијата на Бразил која би требало со победа да го прослави палсманот во 1/8 финалната рунда.

Избраниците на Луис Филипе Сколари имаат обврска да слават во последниот натпревар во групната фаза, да забележат убедлива победа и тоа да го направат со стил, со доминанта и офанзивна игра во сите 90 минути.

„Можно е повторно да има неколку измени во почетниот состав. Тоа не е знак дека јас не сум задоволен од играта на моите фудбалери. Јас добро знам со што располагам, но сакам да видам дали некој е во подобра форма. Тоа е добар знак, подобро е кога имаш на располагање неколку опции, отколку само една. Точно дека Камерун тука се збогува, но тоа не значи дека ќе се предадат без борма. Напоротив, очекувам силен отпор, очекувам желба за докажување. Во мојот тим нема место за опуштање, ова е само почеток, најтешкото допрва следува”, изјави предводникот на “кариоките”, Луис Филипе Сколари.