Бразил: Најмалку 14 жртви во судир на автобус и булдожер

Бразилските власти соопштиле дека 14 лица загинале во сообраќајна несреќа кога автобус полн со патници налетал на булдожер, по што тешката градежна машина паднала врз камионот на која била транспортирана.

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во сојузната држава Баија во североисточниот дел на земјата, а локалните медиуми пренесуваат дека во таа несреќа се повредени најмалку 20 лица, иако тоа полицијата не го потврдила.
Судирот се случил откако автобусот влегол во кривина и таму налетал на булдожерот, кој претходно испаднал од камионот.