Бразил нема право на кикс против Костарика

Фудбалерите на Бразил по киксот против Швајцарија денеска против Костарика мораат да ја оправдаат улогата на фаворит, а во тимот, на радост на навивачите ќе биде Нејмар, кој заработи полесна повреда. Сепак, и покрај тоа од главниот играч на „кариоките“ се очекува многу подобра игра.

Натпреварувањата по групи на Светскиот шампионат нуди одреден простор за грешки. Бразил своето право на кикс го искористи против Швајцарија, кога одигра нерешено, а не остави никаков впечаток во поголемиот дел од играта. Пред Бразил сега е императив да победи против Костарика, која минимално беше поразена од Србија на премиерата.

Играта на бразилскиот тим се врти околу Нејмар, најскапиот фудбалер на светот човек кој на својот грб ги носи повеќето од амбициите поврзани со освојување на шестата светска титула. Сепак, тој пропушти поголем дел од сезоната, па очигледно е дека му недостигаат натпревари за да влезе во вистинската форма.

Бразил против Швајцарија имаше многу проблеми. Меѓу другото и бидејќи неговите играчи премногу солираа, а премалку придонесуваа за играта на тимот. Во тоа особено се истакна Нејмар.

Се надевам дека ќе одиграме подобар натпревар отколку на премиерата со Швајцарија, сакаме да победиме и да играме добро. Го гледавме натпреварот на Костарика, иако ќе биде важно да ја играме нашат игра,рече Нејмар.

Натпреварот почнува во 14 часот, а за Бразил, кој ќе игра во фомрација (4-3-3) че настапат Алисон, Данило, Силва, Миранда, Марсело, Паулињо, Кесемиро, Кутињо, Вилијан, Џесус и Нејмар. Костариканците се подготвуваат за помалку офанзивна игра со постава (3-4-2-1) со следните 11- Навас, Акоста, Гонзалес, Дуарте, Гамбоа, Боргес, Гузман, Калво, Руиз, Боланос и Урена.