Бразил обвини 11 џихадисти за тероризам

Бразилското обвинителство подигна обвиненија против 11 лица кои планирале да формираат Исламска држава во Бразил и да регрутираат џихадисти за да одат во Сирија, соопшти денеска федералното обвинителство.

Двајцата Бразилци се наоѓаат во затвор под највисоките безбедносни мерки, а пет Бразилци се ослободени до почетокот на судењето, објави агенцијата Ројтерс.

Полицијата ги следела исламистите преку пораки на социјалните мрежи откако шпанската полиција испратила телефонски броеви што таа ги најде по апсењето на еден бразилски државјанин во Шпанија, кој е член на џихадистичката група.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.