Бразил2014

Бразил помотивиран од Холандија

Бразил помотивиран од Холандија

И за домаќинот, репрезентацијата на Бразил и за селекцијата на Холандија, денешниот натпревар за третото место на јубилејното 20. Светско првенство, е шанса да се поправи конечната слика и колку толку да се потисне големото разочарување кое двете репрезентации го доживеаа во полуфиналната рунда.
Дефинитивно поголем мотив за триумф во овој натпревар имаат избраниците на Луис Филипе Сколари кои се уште стојат на ѕидот на срамот поради катастрофалниот пораз од 7:1 кој го доживеаа во полуфиналната пресметка против селекцијата на Германија.
Предводникот на популарните “кариоки”, пред натпреварот изјави дека само со победа, Бразил може да докаде дека има голем тим.
“Големите тимови се докажуваат по начинот на кој одговараат по поразите. Затоа и велам дека мораме да докажеме дека сме голем тим, да одиграме квалитетен меч в сабота и да стигнеме до третото место. Знам дека тоа е помал сон од она што го сонувавме до пред неколку дена, но триумф над Холандија е идеален начин да си ја вратиме гордоста”, изјави Сколари.
Денешниот дуел за третото место ќе биде одигран на стадионот “Национа” во Бразилија, а ќе стартува во 22:00 часот.